„Народно движење за Македонија го поздравува покажувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија од страна на премиерот Заев барем на затворена седница во Собранието, иако останува непријатното чувство дека договорот се уште се крие од народот.
Меѓутоа, НДМ изразува длабока загриженост од фактот што после обраќањето на Заев во Собранието, во јавноста излегоа францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер кои ја величеа содржината на договорот, спомнуваа спорни точки кои биле надминливи, што одаде впечаток дека овие амбасадори всушност се запознати со содржината на договорот со Бугарија.
Оттука, недозволиво е македонската влада да го крие договорот со Бугарија од сопствениот народ, а во исто време да го дава договорот на увид на странски претставници во земјата.
НДМ ја користи приликата да и посака успех на германската амбасадорка во новата дипломатска мисија во Кина, но, најдоборнамерно ја советуваме да не помислува да ја врши работата како што тоа го правеше во Македонија бидејќи во Кина ќе наиде на непријатно изненадување“, се вели во соопштението на НДМ.