НДМ: Уште еден случај за Јанева, фалсификување на пописот во 2002 година

Од:

Народно движење за Македонија (НДМ) до Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог за преземање на кривичниот предмет за фалсификување на пописот во 2002 година кој е заведен во Јавното обвинителство на Република Македонија по кривичната пријава на НДМ од 24 септември 2009 година.

„НДМ на на 24 септември 2009 до Јавното обвинителство на Република Македонија поднесе кривична пријава поради основано сомневање дека во периодот на спроведувањето на пописот, од 1 до 15 ноември 2002, како и во постпописниот период на обработка на податоците и објавувањето на конечните резултати во ноември 2003, во делот на бројноста на населението по етничка припадност 160 лица преземале активности при извршеното пребројување на прашалниците. Тие лица биле подготвени да работат на кодирање и обработка на податоци со кои, под влијание на носители на највисоки јавни и државни функции, во тоа време прикажале лажни податоци за бројноста на албанското малцинство во земјата. Намерата била невистинито да прикажат дека бројноста изнесува 25,17% со цел да ги задоволи потребите на Рамковниот договор, кој предвидува албанската заедница да ги добие правата ако учествува со над 20 отсто од населението“, изјави Бачев.

Според него, од фактите и доказите во пријавата се гледа како е изведена таа фалсификувана статистичка операција со извонредно разработената криминална технологија од фазата на попишување и собирање податоци на теренот, па се до влезот на податоците во компјутерскиот систем од аналогна во електронска форма.

На кривичната пријава од 2009 година до денеска нема никаков одговор од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска