НДМ: Темелко е на слатки маки, го гонат манекенки, а не обвинителки

Од:

„Народно движење за Македонија како партија која во основа се бори за заштита и одбрана на македонските национални интереси ја осудува антимакедонската и антидржавна одлука на Специјалното обвинителство за апсење на единствениот Македонец градоначалник на општина Пустец во соседна Албанија Едмонд Темелко.

За НДМ нема дилема. Како сведоци при наши партиски посети на општина Пустец дека Темелко е синоним за отпор во истрајноста и борбата за правата на Македонците во Албанија, недозволиво е негово апсење затоа што 430 жители на општина Пустец имале македонско државјанство и лични карти.

Патем, во 1994 година брзопотезно се издадоа 150.000 лични карти и државјанства на Албанци во функција на изборната победа на тогашниот претседател Глигоров, со што, трајно се промени етничката и верската карта на Македонија со немерливи последици до денешно време.

Затоа, НДМ како и македонскиот народ бара итно и безусловно запирање на постапката против Едмонд Темелко која многу повеќе наликува на одмаздничка акција и извинување за повреда на угледот и честа.

Сепак, Темелко може да биде спокоен. Од вчера изнесените податоци во јавноста за обвинителките Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи дека биле млади, убави елоквентни, амбициозни кои секогаш имале амбиции за карера, а со скромно обвинителско знаење, способност и искуство, произлегува дека ја згрешиле професијата, и оттука, Темелко е на слатки маки да го гонат манекенки а не обвинителки. Во секое зло, добро“, се вели во соопштението на НДМ

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска