НДМ со предлог за државен фонд од 50 милиони евра за поплавените подрачја обезбедени од шест извори на средства

Од:

Народно движење за Македонија на денешната прес конференција најави предлог-заклучок кој ќе биде поднесен утре во Собранието на итната собраниска седница за формирање на државен солидарен фонд од 50 милиони евра за поплавените подрачја обезбедени од шест извори на средства.

На прес конференцијата Ѓорги Тодоров член на Извршниот комитет рече:

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција е утрешната итна седница на Собранието посветена на состојбата во поплавените подрачја.

Во оваа насока, НДМ, утре, пред седницата ќе достави до Собранието конкретни заклучоци за да им се помогне на граѓаните.

НДМ предлага Собранието врз основа на расправата по повод Информацијата на Владата за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците, да гo донесе следниот заклучок:

Собранието да ја задолжи Владата, веднаш да формира државен солидарен фонд за помош на оштетените граѓани во висина од 50 милиони евра, кој износ ќе се обезбеди од следните извори:

1. Собранието да ја задолжи Владата, од профитот на двете државни јавни претпријатија МЕПСО и ЕЛЕМ во Фондот да биде уплатени вкупно 18,2 милиони евра и тоа: 11,5 милиони евра од профитот на МЕПСО и 6,7 милиони евра од профитот на ЕЛЕМ.

2. Собранието да ја задолжи Владата, дивидентата за 2015 во висина од 8,35 милиони евра што ќе ја добие државата во септември за уделот од 34,8 отсто во капиталот на Македонски телеком, да биде уплатена во Фондот.

3. Собранието да ја задолжи Владата, вишокот средства од Буџетот за 2016 во износ од 1,95 милиони евра што се распределува на сите општини во земјата, да се уплатат во Фондот.

4. Собранието да објави апел до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, средствата што овие две партии ги добиваат од буџетот за годишно финансирање за 2016 во висина од 1 милион евра и средствата во висина од 280.000 евра од буџетот за 2016 за годишно финансирање на нивните партиско истражувачки-аналитички центри, да бидат уплатени во Фондот.

5. Собранието да ја задолжи Владата веднаш да упати апел до сите странски инвеститори да донираат парични средства во Фондот. Ваквиот апел е длабоко оправдан земајќи предвид дека странските инвеститори во земјата добија бројни погодности како на пример; бесплатни парцели, бесплатно инфраструкутрно поврзување, даночни ослободувања, ослободување од придонеси за вработените и слично). Доколку досегашните странски инвеститори во земјата донираат во Фондот по за нив симболични суми од по 50.000 евра, ќе се дојде до износ од околу 5 милиони евра.

6. Собранието да објави апел до, Савка Тодорова, Штерјо Наков, Доне Таневски, Глигорие Гоговски, Свето Јаневски, Ристо Гушков, Минчо Јорданов, Симон Наумовски, Ванчо Чифлиганец, наследниците на Трајче Мукаетов и др. веднаш да уплатат во Фондот по 1 милион евра лични средства. Ваквиот апел е длабоко оправдан бидејќи овие личности во криминалната, неморалната и неправедната приватизација без ниту еден денар од сопствениот џеб си поделија општествен капитал во вредност од околу 1 милијарда тогашни германски марки, а кој капитал на назад 50 години го создаваа сите работни луѓе во времето на социјализмот.

Севкупно од наведените извори се обезбедуваат 50 милиони евра кои ќе им бидат поделени на оштетените семејства.

Патем, да споменам дека со издвојувањето на овие т.н. вишок средства на ниту еден начин не се доведува во прашање функционирањето на државата и нејзиниот поредок утврден со Уставот.

Почитувани присутни,

Велат дека пратениците се избрани претставници кои работат во интерес на граѓаните.

Пратениците како народни избраници имаат силна уставна и човечка должност да им помогнат на погодените граѓани.

НДМ ги повикува пратениците во Собранието на Република Македонија да го усвојат предложениот заклучок, со што се отвора можност да им помогнеме на оштетените граѓани со 50 милиони евра на кои во овој момент тоа им е најпотребно.

Сега не е време за политика.

Сега е момент за хуманост и дело.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска