НДМ: Скандалозно е Рајнхрад Прибе да врши информативни разговори со судии

Од:

„Народно движење за Македонија најостро реагира на натамошното недозволиво мешање на странски претставници во домашното судство.

Јавноста во минатото виде како одредени странски амбасадори вршат директен притисок врз македонски судии, а таквата недозволива пракитка вчера ја продолжи и новокомпонираниот експерт Рајнхард Прибе, кој, во текот на вчерашниот ден вршел информативни разговори со судии од скопскиот кривичен суд.

НДМ повикува да престане мешањето на странците во домашното судство, со што, во краен случај ќе се отстрани можноста за девалвирање на неговата институционална позиција бидејќи токму судството и понатаму ја оптеретува македонската политичка реалност со секојдневната негова изложеност на оценки од најразлични странски субјекти што ги девалвираат вредностите на македонското судство.

Дотолку повеќе, вршењето информативни разговори со домашни судии не е во агендата на задачите што треба да ги вршат странски претставници во една независна, суверена и демократска држава.

НДМ потсетува дека министерството за правда веќе формираше домашно тело за реформи на правосудството и ова прашање кое влегува во исклучива домашна јурисдикција, треба да се решава на домашен терен и со домашни актери.

Останува пред македонската јавност должноста на Судскиот совет како единствен надлежен орган за оцена на работата на судиите да реаира на недозволивиот и недоличен притисок на Прибе врз македонски судии“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска