НДМ: Прифатете го нашиот план и ајде сите на избори

Од:

Народно движење за Македонија го поддржува вчерашниот договор помеѓу лидерите на двете водечки македонски партии за надминување на политичката криза преку вонредни парламентарни избори во април 2016.

„Меѓутоа, останува горчивиот факт дека земјата и понатаму, недозволиво во очите на демократските држави се претставува како незрела демократија, која не може да обезбеди излезни решенија без меѓународно туторство.

За НДМ, како и македонскиот народ, нема дилема. Во однос на надминувањето на кризата во која е заглавена земјата, најдобро е тоа самите да го направиме.

Токму затоа НДМ презеде поактивна улога за да помогне во изнаоѓање на решение кое ќе ни овозможи на сите овој проблем да го сметаме за проблем на минатото.

Така, земјаќи предвид дека до конечното надминување на кризата сеуште голем е бројот на прашањата што допрва ќе треба да се договараат, НДМ ги повикува лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев да го прифатат планот на НДМ за надминување на кризата, кој лично им беше доставен на 18 мај, а кој предвидува надминување на кризата токму преку распишување на избори и решенија во седум точки околу клучните нивни спорни позиции.

Значи, на потез се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ако се искрени и не блефираат нека го прифатат планот на НДМ и ајде да се соочиме со народот на избори“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска