Народно движење за Македонија ја поздравува посветеноста на премиерот Заев и министрите за исцрпните одговори на вчерашната прва собраниска седница за пратенички прашања како и барањето на владата покрај редовниот месечен термин да има и неделни пратенички прашања.
Оттука, во функција на натамошно усовршување на парламентарната демократија, НДМ го повикуваме премиерот Заев да побара и вонпарламентарните партии што учествувале на парламентарни избори да поставуваат прашања во Собранието.
Земајќи предвид дека премиерот Заев за време на двегодишната криза во земјата почесто се дружеше и со британскиот амбасадор Чарлас Гарет, би било добро Заев да го консултира Гарет за воведената практика во британскиот парламент да поставуваат прашања и вонпарламенатрни партии.
Предложеното решение не би претставувало некој посебен технички проблем и што е најбитно за негова реализација не се потребни буџетски средства.
Вонпарламентарните партии се активни чинители во политичкиот живот и освојувале и околу 90.000 гласови со што носат одговорност за состојбите во земјата заради што е потребно пренесување на барањата и на гласачите на вонпалрмаентарните партии преку воведување на демократски институт-прашања од вонпарламентарните партии.
Ја користиме приликата да потсетиме дека НДМ уште на 22.07.2010 во Собранието поднесе амандман на Деловникот на Собранието со кој се бара и вонпарламентарните партии да поставуваат прашања како што тоа право го имаат пратениците со поставување на пратенички прашања.