НДМ: Отфрлање на сеалбанската платформа и повлекување на Талат Џафери за собраниски спикер за излез од кризата

Од:

„Народно движење за Македонија предлага отфлање на сеалбанската платформа за редефинирање на Македонија и повлекување на предлогот Талат Џафери да биде собраниски претседател земајќи предвид дека станува збор за личност кој според УБК при МВР е вмешан во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.

НДМ и народот се длабоко убедени дека прифаќањето на овие предлози се најдоброто решение за излез од собраниската криза и нормалното продолжување со работа од страна на народните пратеници во Собранието.

Затоа предлагаме сите политички партии да ја отфрлат сеалбанската платформа за рушење на Македонија и Македонците, а дваесетината пратеници на СДСМ да го преиначат предлогот Талат Џафери да биде избран за собраниски претседател со друга личност со реноме и без лошо минато спрема Македонија и Македонците и крајна лојалност спрема државата“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска