НДМ: Одговорноста за непресметливите потези на Иванов во иднина паѓа на Уставниот суд

Од:

Народно движење за Македонија на 1 јуни 2016 поднесе Иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот Ѓорге Иванов да ја врши функцијата, потсети Злате Војноски, член на Извршниот комитет на НДМ на денешната прес конференција.

„Иницијативата на НДМ се сведува на одлуката на Иванов за аболиција за која кажа дека е во интерес на народот и државата и неговата одлука за укинување на аболицијата за која исто така кажа дека е во интерес на народот и државата.

Значи, при иста реалност во земјата, претседателот не може да распознава што значи интерес на државата и носи две различни одлуки за иста фактичка и правна ситуација и притоа и за двете одлуки вели дека се во интерес на народот и државата.

Оттука, основано се појави сомнежот дека постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба и размислувањето на Ивaнов да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема, заради што НДМ поднесе Иницијатива до Уставниот суд како единствено надлежен орган за утврдување на спреченост на претседателот да ја врши функцијата.

Меѓутоа, пред три дена Уставниот суд не извести дека нема да постапува по Иницијативата на НДМ за утврдување на спреченост на Иванов да ја врши функцијата.

Како што гледате ова е одговорот од страна на Уставниот суд.

Ваквото однесување на Уставниот суд е во најмала рака скандалозно.

Имено, Уставниот суд согласно член 60 од Деловникот на Уставниот суд е во обврска спреченоста на претседателот да ја врши функцијата да ја утврдува врз основа на медицински наод и мислење.

Од одговорот на Уставниот суд се гледа дека нема вештачење и дијагноза за Иванов.

Оттука се наметнуваат најмалку две прашања:

Прво, како Уставниот суд оценил да не постапува кога нема медицинско вештачење за случаите кои влијаат врз душевната состојба и размислувањето на Иванов во контекст на неговото однесување да не може да распознае што значи интерес на државата!

Второ, дали Уставниот суд повеќе не е Уставен суд, туку конзилиум на психијатри кои самите утврдуваат дијагоноза за душевната состојба на Иванов?

Јавноста очекува одговор на овие прашања, дотолку повеќе што, покрај симтоматичното однесување на Иванов со аболицијата, дополнително и неговата неодамнешна закана за употреба на Армијата и државен удар, го продлабочува сомнежот дека сепак постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба на Ивaнов?!

А кога некое лице е под ваква состојба, да не речеме стресна, тоа е опасно за народот и државата, бидејќи се работи за претседател на државата кој ја претставува Републиката и е врховен командант на вооружените сили на Македонија.

Едно треба да му биде јасно на Уставниот суд.Никој не е над законите и уставот на Република Македонија. Јасно е, владеењето на правната држава и законот мора да важат за сите подеднакво.Оттука, целата одговорност за непресметливите потези на Иванов во иднина паѓа на Уставниот суд, заклучи Војноски.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска