НДМ: Од каде извира правото на Заев да го менува името заедно со Груевски?

Од:

„Народно движење за Македонија најостро реагира на најновото интервју на премиерот Зоран Заев во кое вели дека има согласност од ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот за името, а кое нешто со други зборови кажано значи промена на името, земајќи ја предвид определбата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за компромисно име на државата.

НДМ го повикува Заев да одговори на јавноста од каде извира правото да го менува името заедно со ВМРО-ДПМНЕ, кога прашањето за вековното македонско име не е прашање на една влада или на една партија, туку прашање од највисок интерес за Македонија и Македонците.

Наместо да работи на промена на името заедно со ВМРо-ДПМНЕ, НДМ го повикува премиерот Заев да работи на национален консензус за името и притоа силно го охрабрува премиерот веднаш да иницира Совет на политички лидери во кој би се изградил единствен македонски став за одбрана на името.

Во Советот би биле претставени сите партии и во него на едно место би била собрана целокупната политичка памет во земјата, со што се отвора патот за домашно единство за одбрана на името како прашање од највисок национален интерес.

НДМ во името на македонскиот народ ја предупредува владата на СДСМ дека нема мандат за промена на името – Република Македонија“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска