„Народно движење за Македонија ја осудува вчерашната по кој знае кој пат потврда дека суверена Македонија де факто ја управува американскиот амбасадор Џес Бејли.
Народот вчера виде како Бејли со едно притискање на копчето ја активира наменската ДИК и новинарите под негова контрола во врска со антинародните екстра приходи на ДИК, по што, на приказната се налепија и останатите медиуми со оправданото известување за бесмилосното трошење на народни пари од членовите на ДИК.
Меѓуто, новинарите на Бејли не видоа потреба да направат силен притисок врз ДИК кога НДМ на 9 јуни 2016 обелодени: „Членовите на ДИК се утепаа од кавги за Избирачкиот список, но, вчера било милина да ги гледаш (седницата беше затворена за јавноста) со 9 гласа „за„ и ниту еден „против„ си поделиле по 3.600 евра нагарада покрај месечната плата од 1.000 евра…“
Значи, објавата на НДМ во јуни 2016 е во време кога на Бејли му одговара ДИК да остане нечепната заради што изостана и неговото копче за активирање на неговите новинари за непотребното луксузирање од ДИК врз грбот на даночните обврзници“, се вели во соопштението на НДМ.