НДМ: Ние не фалсификувавме, туку ДИК врши наменски злоупотреби

Од:

„Народно движење за Македонија најостро реагира и целосно ги демантира вчерашните наводи во јавноста дека НДМ и претседателот Бачев добија кривична пријава за наводно фалсификување на исправи за изборите на 11 декември 2016.

Напротив, во моментот е во тек соодветна судска постапка за поништување на изборите на 11 декември заради сторени злоупотреби од страна на ДИК, заведена токму од НДМ.

Потсетуваме дека своевремено споделивме со јавноста документи и информации од кои јасно се гледа како и зошто НДМ е смислено тргнато од изборите на 11 декември заради што ДИК донесе одлуки засновани на политиката и политичките сценарија.

Оттука, во отворените 68 случаи на обвинителството за изборни нерегуларности за изборите на 11 декември има сомнение за неправилности не за НДМ и претседателот Бачев, туку за тешките злоупотреби од страна на ДИК.

Ја користиме приликата да предупредиме да престане повторното оживување на старите намери за смислено оцрнување на НДМ во јавноста во пресрет на локалните избори налик на наменското сценарио спрема НДМ за изборите на 11 декември лани“, се вели во демантот на НДМ.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште