НДМ: Недозволиви се идентитетски расправи за Македонците

Од:

„Народно движење за Македонија силно ги осудува секојдневните расправи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и за прашања од национално значење за Македонија и Македонците.

За НДМ и народот се недозволиви идентитетски расправи за Македонците во смисла на најавата на СДСМ дека ќе ги руши спомениците од проектот „Скопје 2014„ и возвратниот одговор од ВМРО-ДПМНЕ дека повторно ќе ги изгради урнатите споменици кога ќе дојде на власт.

Ја користиме приликата да ги поучиме СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека никој не смее да чепка во националните интереси без оглед кој победува на избори, а за се друго кој каква земјоделска, даночна, младинска, еколошка спортска… политика ќе води, слободно нека се расправаат.

Затоа НДМ бара од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и да престанат да ја изложуваат земјата на потсмев на домашен терен и во меѓународните односи.

Дотолку повеќе, иронијата да биде поголема, во историјата други не оспорувале, а сега самите работиме на проблематизирањето на Македонците“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска