НДМ: Не е проблем Албанец за собраниски спикер, туку кој Албанец!

Од:

„Народно движење за Македонија го повикува СДСМ да ја преиначи одлуката Талат Џафери да биде претседател на Собранието, бидејќи станува збор за личност кој според оперативен документ на УБК при МВР е вмешан во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.

Ја користиме приликата да ја разјасниме дилемата дека НДМ и народот не се против избор на Албанец за вршење на државни функции, туку се противат на изборот на Албанец кој работел и продолжува да работи на рушење на Македонија и Македонците.

Да потсетиме, Македонија во минатото имала собраниски претседател Албанец со беспрекорно минато и крајна лојалност спрема македонската држава.

Оттука и прашањето, зошто СДСМ не го прифаќаат вчерашниот предлог на Беса за собраниски претседател со реноме и без лошо минато во однос на Македонија и Македонците.

Затоа, ги повикуваме дваесетината пратеници на СДСМ кои го предложија Талат Џафери за собраниски претседател, да размислуваат не само за моментот оти се доведуваат во ситуација да се срамат од нив и нивните поколенија“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска