НДМ: Народот на референдум да се изјасни за опасниот договор со Бугарија

Од:

„Народно движење за Македонија ја поддржува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за штетниот договор со Бугарија иако останува дилемата за искреноста на оваа иницијатива на четири месеци по договорот со Бугарија, а во време на тешката внатрепартиска состојба во ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори и потребата за одвлекување на вниманието.

Како и да е, НДМ како партија која во основа се бори за одбрана на националните и државните интереси смета дека на Македонија и треба референдум за опасниот договор со кој се бришат Македонците во Бугарија и негирањето на Македонците во целина со непризнавањето на македонскиот јазик.

Ја користиме приликата да потсетиме дека НДМ беше првата партија која уште во најавата на договорот со Бугарија, во јуни годинава, укажа на неговите опасни последици и големата иронија дека во историјата други не делеле, а сега самите зборуваме и договараме поделба меѓу Македонците и нивното бришење.

Исто така, НДМ во јавноста го претстави проектот за обезличување на Македонците наречен „Клио„ а чие продолжување е договорот со Бугарија.

Се разбира, до референдум може и да не дојде, бидејќи се уште има доволно време македонските пратеници до ратификацијата на договорот да ги осознаат прашањата на штета на Македонија и Македонците, земајќи предвид дека договорот создава обврски за Македонија од моментот на ратификацијата“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска