НДМ: Македонија повторно на колена

Од:

„Народно движење за Македонија како и македонскиот народ се силно вознемирени од можноста одлуките на специјалната обвинителка Катица Јанева да се пишуваат на друга адреса, поточно во една странска амбасада во Скопје.

Имено, на 4.12.2015 (четврток), специјалната обвинителка Јанева ја донесе првата одлука за предистражна постапка за изборните нерегуларности, но, дали е ова можно, ако се знае дека по 15 часот во Министерството за правда беа доставени сите предмети (31) кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации, а веќе во 17 часот на прес конференција од специјалното обвинителство рекоа дека отвораат постапка за изборните нерегуларности, иако Јанева сеуште ги немаше погледнато списите што и беа доставени.

Значи, обвинителката Јанева не сочека ниту ден-два од приемот на списите па да ја донесе одлуката со која ќе оставеше впечаток во јавноста за независно постапување.

Да потсетиме, НДМ отсекогаш се залагал за решавање на проблемите на домашен терен, со домашна памет, со домашно единство и како крајно и неизбежно решение со сопствениот народ, како најсилна брана против секоја закана по земјата, но, на терен се прави спротивното.

НДМ ја споделува со јавноста својата вознемиреност, не само како една од политичките партии во земјата, туку и како Македонци кој добро ја познаваат историјата и проблемите во земјата и кои ги преживеале болните авантури и несреќните интервенции на вонмакедонските фактори.

Оттука, Македонија е повторно на колена и се повеќе ги губи белезите на држава!“, велат од центарот за комуникации со јавноста на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска