НДМ: Македонија е на колена – УБК е кираџиска тезга, во МВР е хаос

Од:

Македонија на колена – УБК кираџиска тезга, во МВР хаос и безвластие, Димитриев безгласна буква, Иванов со сомнителна способност за водење на државата, реагираше денеска на прес-конференција Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ. 

– Поминаа три дена од скандалозната информација дека системот за прислушкување на македонската тајна полиција, во кој се наоѓаат податоци од витално значење за националната безбедност, не е во нејзина сопственост. Поточно, според нашите информации, системот за прислушкување во кој се слеваат информациите од витален интерес за земјата бил под закуп од фирмата „Ериксон“. Како и да е. Скандалозно! Ова е голем срам за Македонија во очите на странските држави и нивните служби, бидејќи не постои држава во која системот за прислушкување е во сопственост на приватна фирма и уште од странство. Тајната полиција на Македонија е сведена на класична кираџиска тезга иако станува збор за клучниот безбедносен орган во државата – рече Тодоров.

Тој рече дека судирот на релација СЈО-УБК откри уште најмалку уште две непријатни работи.
– Прво, специјалното обвинителство ги побара сите податоци од периодот 2008 до 31.12.2015, а од раководни лица во МВР беше одговорено дека за бараниот период од 2008 до 2015 сеуште има активни мерки за прислушкување кои треба да се одвојат. Ова е тешко прекршување на човековите права бидејќи според правилата УБК може против едно лице да презема оперативно-техничко средство-прислушкување во период од 1 година кое завршува или со кривична пријава или лицето се тргнува од машината за прислушкување ако не се добијат податоци за негово противзаконско дејствување. Второ, и најопасно. Четири дена народот со неверување гледа шокантни слики во МВР на релација СЈО – УБК од кои произлегува дека Македонија го губи статусот на држава – истакнуваат од НДМ.

Тодоров истакна дека однсувањето на актуелната власт се заканува да ја урниса државата.
– Народот со право се прашува што и после изборите на 11 – ти декември.НДМ го уверува народот дека ваквата опасна состојба за државата наскоро ќе заврши. Актерите на овој опасен чин за разнебитување на државата ќе одговараат. По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 11 декември, Народно движење за Македонија како одговорна власт знае како да се грижи за виталните национални и државни интереси – рече Тодоров. 

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска