НДМ: Ја поздравуваме руската изјава за Македонија, крајот на светот не завршува во Брисел

Од:

„Народно движење за Македонија ја поздравува вчерашната изјава на рускиот амбасадор во Европската унија дека Русија може да понуди алтернатива на евроатланските интерграции на Македонија на Западен Балкан и на било која друга земја.

Затоа, македонските власти треба сериозно да ја разгледаат оваа добронамерна определба на Русија како земја која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, идентитетот на македонскиот народ и името на земјата.

За НДМ нема дилема. Крајот на светот не завршува во Брисел кој бара од Македонија да направи невозможна отстапка.

Односно, Република Македонија во континуитет е соочена со понижувачки притисок од страна на Европската Унија за прифаќање на непристоен пазар – датум за преговори за членство во Унијата во замена за ново име. Се бара Македонија да го промени своето име за некакво обично ветување дека во некоја иднина ќе стане членка на ЕУ иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка која прашање е дали може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина и навистина би се остварила“ се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска