Пред два дена јавноста ги виде новите скандалозните помилувања од претседателот Иванов на осудени лица за убиство и разбојништво, за поседување на оружје, помилување на двапати на ист осуденик, осуденици во бегство…
Илинденските помилувања на осуденици повторно ја отворија дилемата за причините за ваквото постапување на Иванов, бидејќи ова не е единствен случај туку стана практика сите досегашни помилувања од Иванов во неговиот мандат да ја носат назнаката скандалозни, велат од НДМ.
Скандалозните помилувања не се поврзани со случаи кои влијаат врз душевната состојба и размислувањата на Иванов да не може да распознава дејствијата што ги презема а за што пред Уставниот суд е образуван предмет по повод Иницијативата на НДМ за поведување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.
НДМ ја информира јавноста дека предлозите за помилувања до Иванов се даваат при здрава свет и чист разум по тарифа од три до пет илјади евра по осуденик за дадено помилување.