„Народно движење за Македонија изразува длабока загриженост од вчерашните паралелни и одвоени акции на министерот во МВР поставен од СДСМ и „министерот„ во МВР поставен од ВМРО-ДПМНЕ, а кој водат до натамошна дестабилизација на земјата.
Имено, поразителни се сознанијата дека полициското постапување со блокадата на Централниот регистар ја организирал министерот од СДСМ, додека полициското постапување во случајот со т.н. Фабрика за афери ја организирал „министерот„ на ВМРО-ДПМНЕ, без нивна соодветна координација и меѓусебно запознавање.
НДМ потсетува дека при полициското постапување нема место за импровизации, поделби и паралелизам на старешинскиот кадар во МВР, земјаќи предвид дека станува збор за најчуствителниот орган во земјата задолжен за стабилноста и безбедноста.
НДМ предупредува дека актуелниот паралелизам и поделби во МВР може да доведе до опасен судир и меѓу полициските службеници бидејќи истите се задолжени со оружје.
Затоа, НДМ бара од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се вразумат и веднаш да постигнат единство во МВР, и оттука, ги повикуваме да престанат со натамошни делби и паралелните полициски акции кои претставуваат опасна авантура со немерливи последици за државата и народот“, се вели во соопштението на НДМ.