Народно движење за Македонија и народот се силно вознемирени од бесмилосното луксузирањето на Силвана Бонева врз грбот на даночните обврзници со наплатувањето по 2.000 евра месечно за патни трошоци покрај основната плата од 1.000 евра, во услови кога текстилни работници протестираат бидејќи биле принудувани да работат по 11 часа за плата од 6.000 денари.
Значи, според месечните примања само за патни трошоци, една Бонева вреди како 20 македонски текстилни работници.
Потсетуваме, ова е старо правило за Бонева, бидејќи и како пратеник на собраниската благајна наплатуваше годишно по 24.000 евра за патни трошоци.
НДМ го повикува Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ – народна партија со демохристијанска ориентација и силна верба во Бог, да ја вразуми аздисаната Бонева и веднаш да побара од неа високите суми за патни трошоци да ги донира за настраданите во поплавите.
Во спротивно, случјот Бонева го руши образовниот концепт на владеачката ВМРО-ДПМНЕ насловен како „знаењето е сила – знаењето е моќ„ бидејќи, Бонева со овие примања ги руши сите рекорди иако е со завршен вечерен факултет на 55 годишна возраст, од што произлегува дека вистинското знаење нема сила и нема моќ.
За НДМ нема дилема.
Ваквиот грабеж на народот наскоро ќе заврши. По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 11 декември, Народно движење за Македонија како одговорна власт го уверува народот дека знае како да ги натера државните функционери како избрани преставници да работат во интерес на граѓаните, а не за сопствениот интерес.