НДМ: Груевски да ги прати одговорните владини функционери да слават Божиќ во села што останаа без струја

Од:

„Народно движење за Македонија најостро го осудува неодговорниот однос на ЕВН Македонија, министерствтото за економија и државниот инспекторат за техничка инспекција како надлежни органи за прашањата поврзани со обебедувањето на сигурна, квалитетна и непрекината испорака на електрична енергија како и надзорот и инспекцискиот надзор врз прописите од областа на енергетиката, бидејќи за новогодишната ноќ доведоа околу 20 илјади жители во струшкиот регион и неколку ресторани и хотели во Преспа да ја дочекаат со светлина на свеќа поради немање на електрична енергија.

Уште подраматично е сознанието дека ваквата состојба на целосен мрак трае веќе пет денови, а во текот на вчерашниот ден од Центарот за управување со кризи официјално потврдија дека неколку населени места нема да добијат струја ниту за Божиќ иако надлежните органи само пред петнаесетина дена лесно ветија дека „се е подготвено за успешно справување со предизивиците на зимата“.

Оттука, НДМ го повикува премиерот Груевки јавно да ги дисциплинира овие владини функционери, со цел, во иднина ако не се сигурни дека не можат да ги исполнат ветувањата не треба ниту да ги даваат.

Во случајот, без струја останале околу 20 илјади жители и затоа НДМ бара од премиерот Груевски да им нареди на членовите во Управниот и Надзорниот одбор на ЕВН именувани од Владата, министерот за економија и директорот на инспекторатот за техничка инспекција како владини функционери Божиќната ноќ да ја поминат на гости под светлината на свеќите заедно со жителите на селата во струшкиот регион кои останале без струја поради неисполнетите ветувања дека се подготвени за успешно справување со предизивиците на зимата“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 15 мај 2026 изнесува 118,89 евра за мегават час, на МЕМО 83,18 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 април 2026 изнесува 98,21 евра за мегават час, на МЕМО 65,19 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час