„Вчера со гордост бевме сведоци кога директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Агрон Буџаки по потпишувањето на Меморандум за соработка со Комората за обезбедување на лица и имот раскажуваше за подршката на ЦУК за зајакнување на капацитетите на вршителите на приватното обезбедување.
Меѓутоа, за НДМ, се отвора сериозно сомневање дека на Буџаку му е подметната за соработка контроверзната Комора.
Имено, Комората со која се договараше Буџаку, во десетгодишен период има изадено околу 17.000 лиценци и околу седум илјади службени легитимации со што остварила профит од околу десет милиони евра, иако во тој период работела како незаконски и нерегистриран субјект.
Односно, оваа Комора под закрила на полициското подземје во земјата уште од 1999 година на диво го контролира бизнисот со лиценци за обезбедување на лица и имот.
Дека станува збор за нелегална и фантомска Комора е потврдено од најрелеватно место со документи на Основниот суд Скопје 1 и три документи на Централен регистар кои ги поседува НДМ, од кои се гледа дека во спорниот период станува збор за фантомска Комора која не била регистрирана ниту во судот, а покасно ниту во Централен регистар.
За волја на вистината, оваа Комора прави обид за регистрација во 2008 во Централниот регистар, меѓутоа, покасно се утврди дека тоа било фалсификат на полициското подземје да регистрира Комора со фалсификуван регистратор.
Затоа, НДМ го предупредува директориот Буџаку да не дозволи ваквата сомнителна соработка со контроверзната Комора да претставува поплава во неговите раце со закаснето дејство, која би ја активирале во моментот кој самите би го одредиле оние кои не ги прифаќаат принципите на правната држава и сакаат да ловат во матно.
Доколу Буџаку е на страната на политичарите кои сакаат доследно почитување на принципите на правна држава, НДМ го повикува веднаш да отрча до Министерството за внатрешни работи и да алармира за оваа состојба која под закрила на полициското подземје на незаконски начин има остварено десетина милиони евра профит со издавање лиценци за вршење на дејност обезбедување на лица и имот“, се вели во соопштението на НДМ.