НДМ: Дали поклонетата зграда од „Адора“ е повредна од човечкиот живот?!

Од:

„Народно движење за Македонија изразува голем револт од синоќешниот немил настан во скопската општина „Кисела Вода„ кога огромен кран на фирмата „Адора„ се заканува да се сруши врз неколку куќи и станбена зграда иако станарите изјавија дека постојано  пријавувале кај инвеститорот дека градилиштето е небезбедно.

Оттука, НДМ ја прашува власта:

Зошто безбедноста при работа како збир на мерки, нормативи и стандарди пропишани за создавање на безбедносни услови за работа не се применува доследно и за фирмата „Адора„ и зошто затајува надзорот кој согласно законот го вршат министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд?

Дали можеби поклонетата зграда на атрактивни станови од фирмата „Адора“ на пратеници и други функцинери од ВМРО-ДПМНЕ е повредна од загрозувањето на човечките животи и затоа затајува надзорот спрема оваа фирма?!

За НДМ нема дилема. Од одговорот на овие прашања ќе започне да излегува на површина краденото злато од еден македонски рудник во деведесеттите години на минатиот век како и енормната провизија од четириесетина милиони долари од шверцот на бакар од Србија за Јапонија кој со фиктивни документи се прикажуваше како македонски производ поради тогашното ембарго на Обединетите нации спрема тогашната Сојузна Република Југославија

НДМ е убедена дека овие прашања заслужуваат одговор, и оттука, ја охрабруваме власта јавно да одговори на истите, со што, на крајот ќе се види како еден транзициски газда си ја купува слободата од власта.

Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за Република Македонија, туку и за владеачката ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи граѓаните не може да гледаат напред во иднината, доколку минатото и понатаму ги прогонува, односно, транзициските бандити во криминалната приватизација и шверцот за време на ембаргото на ОН спрема СРЈ, остануваат неразјаснети“, се вели во соопштението на Народно движење за Македонија.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска