НДM: Да се намали времетраењето на скандалозните и ненародни функционерски апанажи

Од:

„Народно движење за Македонија (НДМ), во врска со барањата на неодамна сменетите владини функционери за користење на правото на апанажа, го реафирмира своето залагање за намалување на апанажата од 12 на 3 месеци.

За НДМ нема дилема. Непримерно е државните функционери да земаат функционерска плата уште една година, а притоа ништо да не работат.

Оттука, НДМ ги повикува македонските пратеници да започнат расправа по Иницијативата на НДМ поднесена до Собранието уште на 25 август 2009, со цел намалување на апанажата од 12 на 3 месеци. Во овој контекст, собранискиот спикер Трајко Вељаноски само два дена по поднесувањето на нашиот предлог закон, односно на 27.08.2009 повратно не извести дека нашиот предлог веднаш им е поделен на пратениците, но, за жал, нешто се случи во меѓувреме, и нашиот предлог законот остана закочен во собраниските фиоки до денешно време.

НДМ ги потсетува државните функционери дека имаат морална обврска да скратат дел од своите привилегии како избрани претставници кои треба да работат во интерес на граѓаните а не за сопствениот интерес.

Затоа, НДМ се надева дека ќе проработи совеста на пратениците со тоа што ќе ги прифатат нашите предлози за овие антинародни привилегии со кои се спречува бесмилосното трошење на народните пари и непотребното луксузирање врз грбот на даночните обврзници.

НДМ, исто така ги потсетува македонските функционери дека нашите заложби за интегрирање во Европската Унија треба доследно да се почитуваат во секој поглед, па во оваа насока им укажуваме дека во добар дел од земјите-членки на ЕУ чија економска моќ е неспоредлива со Македонија, функционерските апанажи бележат тренд на намалување на времетраењето, а најпластичен пример е Англија каде функционерската апанажа изнесува само три месеци“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска