НДМ: Да не се создава лажна еуфорија дека кризата е решена

Од:

„Народно движење за Македонија го поздравува договорот помеѓу четирите политички партии, но, останува горчливиот впечаток дека Република Македонија во очите на демократските држави беше претставена како незрела демократија, која не може самостојно да обезбеди излезни решенија.

НДМ во рамките на своите можности и понатаму ќе презема поактивна улога за да помогне во изнаоѓање на конечно решение кое ќе ни овозможи на сите овој проблем да го сметаме за проблем на минатото и на крај да дојдеме до слободни и фер избори.

Потсетуваме, НДМ на 18 мај лично им достави на Никола Груевски и Зоран Заев план за излез од кризата и изразуваме задоволство што засега се прифатени две точки од нашиот план.

Ја користиме оваа прилика да укажеме дека првичната еуфорија од договорот не ја одразува реалната состојба, бидејќи договорот има недоречености кои сериозно можат да влијаат за повторно ескалирање на политичката криза.

На пример, од договорот произлегува обврска за назначување на нов мининистер за внатрешни работи по предлог на СДСМ и по консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како и назначување на специјален јавен обвинител по договор на потписниците на договорот.

Меѓутоа, се поставува прашањето, што ќе се случува доколку од меѓусебните консултации не произлезе согласност за взаемно прифатлива личност за министер во МВР или пак не дојде до договор помеѓу потписниците за јавен обвинител, дотолку повеќе, сведоци сме на целосна недоверба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Исто така, договорот нема решенија за излез од медиумскиот мрак во кој е заглавена земјата, а ова е едно од најбитните прашања со кое партиите би добиле еднаков третман за време на 20-дневната изборна кампања“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Русија би можела да остане без банани

А1он

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска