НДМ: Аболицираните криминалци надвор од политиката

Од:

„Народно движење за Македонија бара свикување на итна седница на парламентот со цел дополнување на членот 7 од Изборниот законик на начин што ќе се определи дека кандидат за претседател, пратеник, член на совет и градоначалник не може да биде лице кое е аболицирано, односно помилувано со одлука на претседателот на државата. Забраната за кандидирање да важи за два последователни изборни циклуси сметајќи од денот на објавувањето на одлуката за помилување во Службен весник на Република Македонија.

Исто така, на аболицираните лица да може да им се изрече и мерка на безбедност: забрана на вршење јавна и државна функција во период од пет години сметајќи од денот на објавувањето на одлуката за аболиција во Службен весник на Република Македонија.

За НДМ, како и македонскиот народ нема дилема. Повеќе немаме простор за грешки во актуелната криза. А, според наше мислење најголемата би била ако земјата биде вовлечена во граѓанска војна.

Затоа, НДМ смета дека предложените решенија ќе доведат до смирување на крајно опасното незадоволство и поделеност на народот од одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари од власта и опозицијата.

НДМ го предлага ова, не само како една од политичките партии во земјата, туку и како Македонци кој добро ја познаваат историјата и проблемите во земјата и кои ги преживеале болните авантури и несреќните интервенции на вонмакедонските фактори“, соопштуваат од НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска