„Народно движење за Македонија ја известува јавноста дека на локалните избори оствари изборен резултат од 12.112 гласови, седум советнички мандати и еден кандидат за градоначалник во вториот круг.
НДМ изразува благодарост до сите оние кои дадоа подршката за листите на НДМ, меѓутоа, останува горчливиот факт дека овој изборен резултат се уште не е доволен за процесот на рушење на двопартизмот, кој, НДМ го започна храбро, решително и во интерес на народот.
За жал, народот и на овие избори во најголем дел подршката ја даде за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои 27 години се менувата на власт, а на земјата не и оди добро.
Ја користиме приликата да им ја честитаме големата изборна победа на колегите од СДСМ и нивните коалициски партнери“, се вели во соопштението на НДМ.