НБРМ демантира инволвираност во начинот на формирање на цените за наплата на патарините

Од:

„Во врска со изјавата на директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, дадена на 11 јануари 2018 година како одговор на новинарско прашање за начинот на формирање на цената на патарините за домашни и странски патници, Народната банка го дава следниов демант:

Народната банка согласно своите законски овластувања во доменот на платниот промет во ниту еден сегмент не е инволвирана во начинот на работењето на ЈП за државни патишта, ниту пак во начинот на формирање на цените за наплата на патарините. Народната банка нема никаква деловна релација со ЈП за државни патишта и произволната изјава дека Народната банка кога станува збор за железни кованици задржува 25-30% е крајно нејасна и конфузна. Следствено, не станува збор дека Народната банка на јавното претпријатие му наплатува некаква провизија или пак му задржува некаков процентуален износ“ се вели во демантот на Народна банка.

Би можело да ве интересира

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

А1он

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

Банкарскиот сектор целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Од 1 март побезбедни онлајн-плаќања

Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра