Навреме отворени 142 избирачки места во Прилеп

Од:

Точно во 7 часот се отворени сите 142 избирачки места во Прилеп, информира Општинската изборна комисија.

Правото на глас за избор на претседател денеска го остваруваат 64.567, а за избор на пратеници се запишани 64.316 избирачи.

– Изборниот процес тече мирно и непречено. Голема е одговорноста на избирачките одбори бидејќи се двојни избори, но ние сме тука како комисија да го следиме целосно процесот, изјави Елена Чагороска, претседател на ОИК во Прилеп.

Мирно, навремено и непречено почна изборниот процес и во општина Кривогаштани, каде на 13 избирачки места своето право на глас за претседател го остваруваат 4.743, а за пратеници 4.723 гласачи.

Во Долнени денеска на 40 избирачки места гласаат 11.037 за избор на претседател, а за пратеници 10.967 жители со право на глас.

И според изборната комисија во Крушево, гласањето почна навреме. Таму се гласа на 23 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември