Навредувачки предизборни памфлети пронајдени во Тетово

Од:

Последниве неколку дена, на различни места во Тетово, пронајден е контраверзен политички пропаганден материјал, објави Скај.

Памфлетите, изработени во неколку верзии на македонски јазик, во негативен конктекст и со негативна конотација, најдиректно го дисквалификуваат и дискредитираат едниот од двајцата кандидати за градоначалник на општина Тетово, а навивачки го фалат, поддржуваат и им сугерираат на граѓаните да гласаат за другиот кандидат.

Пронајдените памфлети се фотодокументирани и се работи на откривање на нивните изготвувачи и дистрибутери.

Имајќи ги во предвид овие појави и настани, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните и до сите учесници во изборниот процес да се воздржат од вакви или слични постапки, односно провокации и да се однесуваат фер и демократски.

Зашто, ваквиот вид провокации можат да ја нарушат општата изборна атмосфера и амбиент во Тетово и да предизвикаат несакни појави, со сериозни последици во севкупното тетовско секојдневие.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар