Наумовски: МВР експедитивно да го изведат Саша Димиќ пред лицето на правдата

Од:

СДСМ бара МВР Саша Димиќ веднаш да го изведе пред лицето на правдата.

„Вчера, по речиси 10 дена обиди да го забошоти случајот, насилникот Саша Димиќ си поднесе оставка од функцијата директор на јавното претпријатие „ЈСП-Турс“. Сакаме да потсетиме, дека власта направи обид и овој настан, во кој овој функционер на ВМРО- ДПМНЕ крвнички претепа вработена девојка, целосно да го забошоти, на сличен начин како што се обиде да го забошоти и убиството на Мартин Нешковски пред повеќе од една година. Иако насилникот Димиќ си поднесе оставка, останува фактот што институциите задолжени да го штитат и спроведуваат редот и безбедноста и понатаму се целосно ставени во функција на разводнување на овој случај“, изјави Александар Наумоски, заменик координатор на советничка група во Град Скопје.

Нема официјални информации за истрага, кривични пријави, ниту за изречени мерки за обезбедување за да го спречат Димиќ да го повтори делото, рече Наумовски. Општ е впечатокот, изјави, дека полицијата и обвинителството се однесуваат незаинтересирано, како да се работи за ситен прекршок, а не за крвничко претепување на девојка.

СДСМ реагира и зошто владејачката партија, не смогнла а сили, да се огради и јавно да ги осуди постапките на, велат,  овој насилник, кој е висок партиски повереник, и кој беше  в.д. Градоначалник на Карпош .

Потсетија и на градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ  кој со своето возило прегази човек, кукавички избега од местото на настанот што е кривично дело само по себе .

„Со други зборови тоа е стил на однесување на кадрите на ВМРО ДПМНЕ. За нив не важи ништо!Селективна примена на правото и недостижноста на правдата за луѓето на власта, е основната забелешка која постојано се повторува во скоро сите релевантни извештаи, почнувајќи од „Амнести интернешнал“, па се до американскиот „Стејт департмент“. Токму ваквите случаи, кога правдата е недостижна за луѓето од власта, се основа за да се констатира дека во Македонија нема владеење на правото, туку на партиската воља.Ја повикуваме власта, не само заради принципиленоста на владеењето на правото, туку и заради пораката која се испраќа до сите загрозени жени, девојки и воопшто кон сите вработени, кои се наоѓаат во ситуација да трпат насилно и недолично однесување на своите раководители, да не се обидуваат да го забошотат овој случај, туку експедитивно да го изведат г-нот Димиќ пред лицето на правдата и низ транспарентна постапка да обезбедат правдата да стигне и до него“, рече Наумовски.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Јанковиќ: Ѓорѓиевски молчи за дивоградбите во Чаир

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје