Наумов: Прекршен Законот за јавен долг и актите за државни хартии од вредност

Од:

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска обвини дека министерот за финансии го прекршил Законот за јавен долг и подзаконските акти кои го регулираат начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност.

Тој најави дека ќе ја побара целокупната документација и одлуки кои претходат на објавувањето на проспектите и ќе поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен со која ќе го оспори утрешното одржување на аукцијата.

– Во Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ“ бр.99/2005,35/2007,132/2007, 68/2009 и 131/2009) донесен од страна на министерот за финансии, во член 17 став 2 стриктно е наведено дека издавачот (Република Македонија преку Министерството за финансии), најдоцна до 14 часот во работниот ден, 4 работни дена пред денот на одржување на аукцијата го дефинира проспектот за аукција на државни записи и/или проспектот за аукција на државни обврзници и преку електронскиот систем го доставува до агентот (Народна банка на РМ). Во став 3 од истиот член се обврзува агентот (Народна Банка на РМ), во 14:30 истиот ден, преку електронскиот систем да ги упати проспектите од став 2 на член 17 до сите овластени директни учесници, рече Наумов.

Според него, министерот Ставрески го дефинирал проспектот за аукција на државни записи и проспектите за аукција на државни обврзници на 29 јануари, односно 3 работни дена пред денот на одржување на аукцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ