Наумов: Нема средба и подадена рака за фер кампања

Од:

Кире Наумов, еден од кандидатите за претседател на СДСМ, информира дека неформалната средба на која ги поканил останатите претенденти, а на која требаше да си пружат рака за фер, демократска и сопартиска кампања, нема да се одржи.

На неговата денешна повторна покана никој позитивно не одговорил.

„Истовремено сум известен дека организирано претставување на програмите на кандидатите за претседател по општинските организации на СДСМ, кое беше предвидено во роковникот донесен од страна на Централниот одбор на СДСМ, нема да има.

– Оваа одлука е донесена на вчерашниот состанок на Извршниот одбор. На овој начин им се скратува можноста на делегатите и на членовите на СДСМ, на јавни презентации, да бидат директно запознаени со програмите на кандидатите за претседател и да поставуваат прашања.

– Независно од тоа јас ќе ги продолжам своите планирани активности со кои ќе се обидам да допрам и да ја презентирам сопствената програма пред делегатите, членовите на СДСМ и пред целокупната јавност“, пишува Кире Наумов.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра