Наумоски вети фонд за финансирање на спортот во Ѓорче Петров

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од коалицијата „Сојуз за иднина“ предводена од СДСМ, Александар Наумоски ветува дека ќе направи фонд за финансирање на професионалниот спорт веднаш откако ќе ја преземе општината.

– Ветувам дека ФК „Македонија Ѓорче Петров“, машкиот и женскиот ракометен клуб „Ѓорче Петров“, како и кошаркарските школи, ќе добиваат континуирана финансиска помош за постигнување врвни резултати. За таа цел, ќе започнеме со проект за изградба на нова спортска сала со капацитет од 3.000 седишта, рече Наумоски на денешната прес-конференција.

Тој го обвини актуелниот градоначалник Сокол Митровски дека во неговите два мандата не направил ништо за спортот во општината и додаде дека ќе покрене иницијатива за возобновување на гимнастиката, пинг-понгот, кајакот и останатите спортови во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија