Наумов: Ќе влезам во трка за лидер на СДСМ во фер услови и не на „квази конгрес“

Од:

Одлуката за тоа дали ќе се кандидирам за нов лидер на СДСМ зависи исклучиво од тоа дали постои политичка волја меѓу потесното раководство да се овозможи одржување на конгрес на кој ќе се соочат концепти и програми и на кој ќе се отвори дебата за насоките на идно делување, вели за порталот Јавност, Кире Наумов, поранешен економски советник на Бранко Црвенковски од времето кога тој беше претседател на државата.

Ако актуелното раководство е подготвено да организира таков конгрес, процедура во која ќе може да се претстави визијата за идното делување пред членството и пред новите делегати, тогаш и мојата програма и визија ќе бидат дел од конгресот. Ако СДСМ биде соочен со еден квази-конгрес, на кој нема да има сериозна анализа за изборните неуспеси, на кој со стари делегати ќе се бира „нов“ претседател, тогаш да бидеме свесни дека идниот лидер на опозицијата во Македонија ќе се бира во некоја друга партија – вели Наумов.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната