А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Наумче Мојсоски влегува во политиката?

by А1он14/02/2013 - 15:2114/02/2013 - 19:04208
Share0

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Ракометарот Наумче Мојсоски влегува во политиката. Како што дознава А1, репрезентативецот на Македонија во ракомет и член на екипата на Металург е ставен на  советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Струга за престојните локални избори.

Добивај вести на вибер

Мојсоски ни помалку ни повеќе се наоѓа втор на листата после носителот, претседателот на струшките Вмроовци, Перо Петковски.

Трета на листата е досегашната советичка Јулијана Зуноска, додека најголем дел од остаанатите се анонимуси за пошироката струшка јавност. Од страна на општинскиот комитет во Струга биле предложени две советнички листи, па за конечниот редослед крајниот збор ќе го има Централата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Она што се знае е дека првите три места се загарантирани, а со тоа и местото на Наумче Мојсовски.

Членови на ДПМНЕ во Струга за А1 коментираат дека се изненадени од имињата кои ќе се тркаат за советници во идниот струшки совет и дека Мојсоски е дел од листата за да повлечел повеќе гласови иако и тоа не мора да биде гарант за такво нешто.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Перо Петковски за А1 рече дека листата е се уште во фаза на оформување и за нејзиниот конечен изглед одлучува Извршниот Комитет во Скопје .

Мојсоски е жител на Скопје, но за тоа и за изгледот на листата конечно одлучуваат во Скопје“, изјави Петковски.

 

 

 

 

rakomet

Би можело да ве интересира

Вардар го промовираше Јака Малус

Горан Наумовски04/05/2025 - 18:58

Дербито помеѓу Алкалоид и Вардар заврши без победник

Горан Наумовски04/05/2025 - 09:03

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он20/02/2025 - 20:1520/02/2025 - 20:20

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ19/01/2025 - 10:1819/01/2025 - 11:07

Пред болница во Белград нападнат е познатиот ракометар Веселин Вуковиќ

Горан Наумовски17/03/2023 - 16:2917/03/2023 - 17:20

Функционерите кои гледаа ракомет во сала казнети по 500 евра за групирање

Кристијан Ландов17/03/2021 - 16:1717/03/2021 - 21:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен