Научници од Оксфорд гости на програмата „Конекција Оксфорд“ во Скопје

Од:

Во организација на Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) денеска започнува 9. „Конекција Оксфорд” програма преку која досега во држвава гостувале над седумдесет професори, предавачи и докторанти од Универзитетот „Оксфорд“.

Според БИВК, „Конекција Оксфорд” на многу начини оваа програма го доведува во допир најдоброто од светот со најдоброто од Македонија и претставува проширување на научните хоризонти. Таквите залагања во науката, културата и уметностите, посочуваат, се двигателот на цивилизацискиот напредок општо, но и конкретен придонес кон благосостојбата на луѓето во дадено општество.

Во рамки на програмата научниците од Оксфорд ќе ги образложат своите тековни истражувања во областите на физиката, книжевноста, драматургијата, бизнисот, филмската уметност, лингвистиката и теологијата.

Програмата ќе биде свечено отворена вечер со претствување на овогодинешните гости во „Кино Култура” и со одржување Веритас форум -предавањето од јавен карактер – на професорот по теоретска физика од Оксфордскиот Универзитет, д-р Ард Луи, насловено „Зошто сме тука? Мисловни битија во потрага по смисла“.

На овој настан ќе може да се проследи и првиот дел од документарниот филм во продукција на проф. Луи и на документаристот од ВВС Дејвид Малоун. По проекцијата проф. Луи ќе даде осврт на сите четири епизоди од серијата кои ги покриваат „големите животни прашања“. Инаку серијата ги обработува следните три подрачја: „Потрага по вистината,“ „Моралниот компас“ и „Чудата на убавината“. На овие теми во филмот зборуваат водечки светски научници и мислители како што се професор Сајмон Конвеј Морис (Simon Conway Morris) од Универзитетот „Кембриџ“, Мартин Новак (Martin Novak) од Универзитетот „Харвард“ и светскиот авторитет за приматите, Џејн Гудал (Jane Goodal).

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска