Научна расправа за судско одмерување на казните

Од:

„Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“ е темата на научната и стручна расправа што ја организира денеска Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) во соработка со Здружението на судии и Германската фондација за меѓународна правна соработка.

Целта на расправата е да се анализираат предностите и предизвиците при практичната примена на законот во насока на воедначување на казнената политика, како и примената на алтернативните мерки во судската практика на Република Македонија.

Ќе учествуваат домашни и странски експерти (универзитетски професори и практичари) кои преку дебата со релевантни правници и претставници од правосудството ќе подготват препораки и предлози од конференцијата.

По завршувањето на расправата, со цел подигнување на свеста кај експертската јавност во однос на овие прашања, ќе биде издаден нов број од Македонската ревија за казнено право и криминологија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски