Натпревар по прва помош за основци од Скопје

Од:

Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе го организира деветтиот натпревар по прва помош во категоријата подмладок – за ученици од основните училишта во главниот град.

Како што информира Црвениот крст на Град Скопје, ќе учествуваат 15 екипи од 15 основни училишта во Скопје. Натпреварот ќе се одржува од 11 часот на Средно Водно – Даре Бомбол.

– Со овој настан се промовира важноста на првата помош која спасува живот. Во организација и учество на градскиот натпревар ќе бидат вклучени околу 200 луѓе – стручна служба, судии, манекени, водичи, шминкери, логистика и волонтери, соопшти Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче