А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија

by А1он29/06/2018 - 10:51145
Share0

По конфузијата која владееше во јавноста околу процедурата за зачленување на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги појасни чекорите денеска по средбата со премиерот Зоран Заев. Успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство.

Следете a1on на Instagram Instagram

На претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел, Македонија ќе добие покана за започнување на пристапните преговори со Алијансата, ова е неодминлив услов низ кој поминале сите претходни земји членки, појасни Столтенберг.

– Уверен сум дека шефовите на држави и влади ќе ја поканат ПЈРМ да започне пристапни преговори, потоа неколку месеци ќе имаме пристапни преговори и доколку внатрешните процеси се финализирани во земјата, тогаш можете да се приклучите кон НАТО, рече генералниот секретар.

По заокружувањето на пристапните преговори ќе биде потпишан Протокол за пристапување кој потоа треба да биде ратификуван од парламентите на сите земји членки на НАТО. Овој процес на ратификација е тој што одзема најмногу време.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Времетраењето варира малку, но можам да ви дадам два примера, рече Столтенберг.

За Црна Гора, објасни тој, поканата за почеток на преговори била изададена во декември 2015, преговорите биле финализирани во март 2016, а потоа сите 28 земји членки го ратификувале Протоколот до јуни 2017.

– Она што одзима време е всушност ратификацијата во разните земји членки, појасни првиот човек на НАТО.

Албанија и Хрватска, пак, беа поканети во април 2008, а се приклучија во април 2009, една година подоцна.

– Зборуваме за нешто како година и половина од поканата до полноправно членство, Но, штом го потпишеме Пристапниот протокол, што трае неколку месеци, три месеци за Црна Гора, тогаш земјата ќе биде поканета да учествува на сите средби на НАТО и ќе седи на маса и ќе биде дел од Советот на НАТО. Црна Гора почна да учествува во сите активности на НАТО во март 2016, само три месеци откако почнаа преговорите за членство, рече Столтенберг.

Како што јави дописничката на МИА во Брисел, Столтенберг посочи дека процесот може да оди многу брзо, но за тоа е неопходно да завршат сите процедури околу Договорот со Грција.

– Тоа значи дека потребните промени во Уставот треба да се направени и потоа можеме да ја поканиме земјата да пристапи под новото име, Република Северна Македонија. Навистина се надевам дека народот во вашата земја ќе ја зграпчи оваа прилика, ова е историска прилика, порача геренарлниот секретар на НАТО.

Доколку референдумот не успее Македонија нема да може да стане членка на НАТО потсети Столтенберг.

– Тешко е да се замисли, доколку се отфрли оваа прилика, ситуација каде би биле толку блиску до членство во НАТО. На народот на ПЈРМ е да одлучи, но подготвени сме да поканиме и да го направиме тоа најбрзо што може, зборуваме за месеци, нагласи Столтенберг.

Генералниот секретар не сакаше да ги коментира опструкциите на претседателот Иванов, и порача дека на државата е да одлучи како ќе се одвиваат процедурите и како ќе се финализира Договорот со Атина.

nato

Би можело да ве интересира

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 15:18

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:51

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:3530/07/2026 - 18:36

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 00:5126/07/2026 - 09:02

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски22/07/2026 - 14:4322/07/2026 - 15:41

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Горан Наумовски19/07/2026 - 18:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео