НАТО го осуди руското повлекување од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

Од:

НАТО ја осуди одлуката на Русија за повлекување од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа и најавија прекин на неговото спроведување како одговор на рускиот потег.

– Сојузниците ја осудуваат одлуката на Русија да се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), како и нејзината воена агресија врз Украина што е во спротивност со целите на Договорот, се наведува во соопштението на НАТО.

Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, Алијансата оценува дека овој потег на Русија систематски ја поткопа евроатлантската безбедност.

– Затоа, како последица на тоа, сојузничките држави членки имаат намера да го суспендираат Договорот ЦФЕ онолку долго колку што е потребно, во согласност со нивните права според меѓународното право. Оваа одлука е целосно поддржана од сите сојузници на НАТО, се додава во соопштението.

Русија формално се повлече од безбедносниот договор, кој ги ограничува клучните категории на конвенционални вооружени сили, обвинувајќи ги САД дека со проширувањето на НАТО го поткопале на безбедносниот систем создаден по Студената војна.

САД како реакција на руската одлука најавија суспензија на обврските од Договорот почнувајќи од 7 декември.

Според советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, руската агресија врз Украина и повлекувањето на Москва од Договорот „фундаментално ги променија околностите“ на неговото функционирање, а со тоа и обврските на неговите потписници.

Како реакција на ваквата изјава на Саливан, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов оцени дека „префрлањето на одговорноста за уништувањето на меѓународната безбедносна архитектура станало омилена практика на Вашингтон“.

– Со одлуката за повлекување, Русија испраќа јасен сигнал дека обидите да се гради воена безбедност во Европа без да се земат предвид нејзините грижи се осудени на неуспех, објави Антонов рано изутринава на профилот на Руската амбасада на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Шпанија се противи на планот на Трамп за НАТО

„Политико“: Источното крило на НАТО се подготвува за конфликт со Русија, Европа се плаши дека ќе биде оставена сама

Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара зa да ги намалат тензиите со Трамп

А1он

ВИДЕО: На Трамп не му требала европска помош за Иран, ги побарал партнерите од радозналост

Катерина Ѓуровски

НАТО: Украинската воздушна одбрана собори само 17 проценти од руските ракети во мај

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ