НАТО ги оценува како оптимистички последните случувања за името

Од:

Последните случувања во однос на прашањето за името се оптимистички и ние ги поддржуваме натамошните напори за изнаоѓање решение, изјавил висок претставник на НАТО за грчкиот весник „Етнос“.

Според претставникот на НАТО, сè уште е рано да се каже дали Македонија ќе се најде на агендата на Самитот на НАТО во јули.

Тој потсетува дека членките на Алијансата веќе постигнале согласност Македонија да биде примена во полноправно членство штом се најде заеднички прифатливо решение за името со посредство на ОН. Претставникот на НАТО, сепак, посочува дека одлуките во Алијансата се носат едногласно и затоа е неопходно зелено светло и од Грција.

Би можело да ве интересира

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО