НАТО Форум: Евроатлантските вредности треба да се промовираат и во образовниот процес

Од:

НАТО не е само воена и одбранбена туку и политичка алијанса базирана на споделени демократски вредности, кои треба да продолжат да се промовираат многу повеќе во земјите членки, но и и надвор од Алијансата, а во тој контекст образованието има важна улога. Ова беше истакнато на денешниот онлајн НАТО форум насловен „Евроатлантските вредности и општетствени предизвици низ призмата на образовниот процес“.

Проф. Марјан Ѓуровски нагласи дека треба да се подигне свеста кај граѓаните дека лажните вести се во функција на одолговлекување на справувањето со пандемијата и нејзиното ставање под целосна котрола, а недостигот на медиумска писменост и безбедносната и здравствената култура овозможува, вели, продор на лажни вести и хибридни закани со кои се посакува разградување на колективните безбедности и одбранбени европски системи.

-Ние како земја членка на НАТО треба да ја завршиме домашната задача. За С Македонија заврши медениот месец и тоа што таа е во брак со НАТО не значи дека некој дома треба работите за нас да ги заврши. Прво НАТО стандарот во општото секојдневно живење на граѓаните поради Ковид 19, граѓаните преку приливот на странски инвестиции не можеа веднаш да го почувствуваат, но тоа не е пречка да се работи на воспоставување на НАТО стандардите и нормите во работењето на македонските институции, правосудството, безбедносниот и одбранбениот систем.

Според него, ова е и втора можност која не треба да ја пропуштиме за да се случи катарзата на македонското општество поради неуспешниот обид на лустрацијата која ја имавме, проверката на приватизацијата во земјавата, сега преку членството во НАТО да ја реализираме т.н. безбедносна проверка на актерите и кадарот во политичкиот и безбедносен систем.

-Тоа е нужен процес кој ни е неопходен исто така и како започнување на внатрешниот процес на помирување помеѓу сите граѓани независно дали се од левицата или десницата, но и нужниот процес на помирување со македонските соседи со државите кои ја опкружуваат С Македонија, бидејќи само процесот на европеизација ќе води до зачувување на македонскиот идентитет и поодбрување на стандардот на македонскиот граѓани во економијата, во правната сигурност но и генерално во борбата против безбедносите ризици и закани, вели тој.

Претставникот на НАТО во земјата Зоран Јанковиќ истакна дека евроатлантските вредности треба да бидат нагласено промовирани меѓу земите членки но и надвор од Алијансата. Овој форум за нас е важен бидејќи ја потенцира традиционалнно добрата врска на НАТО Мисијата во земјава и граѓанскиот сектор, рече Јанковиќ, за што имаат интерес да се продлабочува понатаму и ги повика невладините организации да учествуваат на повикот за проекти на секторот за јавна дипломатија кој треба да излезе во јануари наредната година.

Советникот на премиерот Дане Талески и нов амбасадор на С Македонија во НАТО седиштето во Брисел, истакна дека годинава станавме 30-та земја членка на Алијансата, со што станавме еднаков дел од евроатлантското семејство на народи. Потсети дека НАТО не е само воена и одбранбена туку и политичка алијанса базирана на споделени демократски вредности и во тој контекст ги спомна реформите кои ги спроведуваме во делот на независноста на судството, владеење на правото, борбата против криминалот и корупцијата, зголемување на професионализација на јавната администрација

-Нашиот процес на домашни реформи не е завршен ние се уште ги спроведуваме сите реформи. Има план за континуирани реформи бидејќи со нашето члество во НАТО не завршува нашата интеграција во НАТО согласно на чекорите и активностите кои се предвидени во планот за континуирани реформи Владата и институциите остануваат посветени, ги спроведуваат активноистите и очекуваме во доследно време година до две да го комплетираме тој план и целосно да се интегрираме во НАТО. Но ние и во овој момент учествуваме како рамноправна членка на Алијансата. Тоа значи дека рамноправно учествуваме во сите форуми и тела на Алијансата, активно придонесуваме во креирањето на политики и решенија како и во донесувањето на сите одлуки, рече Талески меѓу другото заблагодарувајќи се за помошта од НАТО за справување со Ковид-кризата

Соломон Паси поранешен министер за надворешни работи на Бугарија и истакнат атлантист рече дека се согласува дека НАТО е соочен со лажните вести и ковидот кои доаѓаат од противниците и оти Алијансата веќе е адаптирана да одговори на нив соодветно, за што е координирана со ЕУ и со нашиот регион. Горди сме, рече, што придонесовме С Македонија да стане членка на НАТО, a нашата следна цел е да ја видиме С Македонија во ЕУ.

Тој изнесе и предлози во однос на образованието за НАТО за развој на програма за масовна размена во образованието на сите нивоа од основно преку средно до високото образование.

-Во 1963 г претседателот Кенеди во посета на Берлин рече „Јас сум Берлинец“, а јас сега би сакал да кажам „Јас сум Македонец“ затоа што како Македонец би можел да бидам покорисен во напорите за вашето членство во ЕУ, бидејќи моето искуство вели дека клучот за членството е многу повеќе во апликантот отколку во страната која решава. Ова како метафора може да го примениме С Македонија и Бугарија да ги прифатат истите временски зони, сега имаме еден час разлика и без оглед која зона ќе ја прифатиме, Македонија источното време или Бугарија бриселското време, да имаме заедничка зона. Двете православни цркви исто така можат доста да помогнат да се прогласат истите религиозни календари, иако ова не е дел од акито, рече Паси.

Запрашан за бугарската блокадата на пристапните преговори на С Македонија, поранешниот шеф на бугарската дипломатија посочи на образованието како важен сегмент во зближување на двете земји.

-Не би рекол дека имаме краткорочни решенија, туку долгорочни решенија. Затоа го нагласувам образованието. Да ги споиме универзитетите, академиите, студентите и младите и сигурен сум дека вашиот преговарачки процес ќе трае пократко отколку тој на Бугарија. За нас тој започна во 1999, а заврши 2005, шест години подоцна. Но во вашиот случај би траело пократко. Да не гледаме во историјата туку во иднината пред нас, порача Паси.

ГАУС Институтот – Битола, кој е организатор на Форумот поддржан од Одделот за јавна дипломатија на НАТО, презентираше анализа за застапеноста на содржини за НАТО во наставните програми во С Македонија и земјите од ЈИЕ. Според презентираното, во образовните системи главно се третира историскиот дел и помалку воениот аспект на Северноатлантскиот сојуз, а ретко и неговата улога во демократизацијата на овие простори. Многу малку се спомнуваат придобивките од влегувањето во овој сојуз. Потребно е заклучуваат промени во образовните програми со цел внесување во општетствените предмети содржини за НАТО не само за историјата на Алијасата туку и за современите процеси.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО