Наташа Петровиќ во „Соба со пијано“

Од:

Новиот филм „Соба со пијано“ на Игор Иванов – Изи кој почнува со снимање на 4. јуни има интернационален кастинг, а од македонските актери ќе бидат вклучени Наташа Петровиќ, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Симона Спировска и Дениз Абдула.

Според продуцентот Скопје филм студио, „Соба со пијано“ е филмско сценарио со крајно нетипична наративна структура, каде изразен акцент добива драматуршкиот аспект.

„Целта е да се воспостави идентификација со состојбата, која треба да биде постигната преку вонредна актерска игра, односно препознавање преку ситуацијата во која некој од ликовите го заробил сопствениот живот, отколку во самите себе“, велат од СФС.

Во наредните денови ќе бидат објавени и имињата на странските актери кои ќе играат во филмот. „Соба со пијано“ ќе се снима во Скопје, а композитор на музиката е светски познатиот пијанист Чили Гонзалес.

Би можело да ве интересира

Skopje Design Week 2026: Скопје станува европска точка на средба на дизајнот, занаетчиството и новите креативни идеи

Огромен интерес за мастеркласот на Драган Бјелогрлиќ на Скопје Филм Фестивал 2026

„Бои и вино“ – ликовно ќоше каде секој може да биде уметник

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт