Наташа Габер Дамјановска најсериозен кандидат за челното место во Академијата за судии и обвинители

Од:

Од четворицата кандидати за директорското место во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, според информациите на А1он, најголеми се шансите на Наташа Габер Дамјановска. Таа аплицираше за ова место заедно со Мирјана Лазарова Трајковска, Елена Андреева и Александар Маркоски.

Наташа Габер Дамјановска, поранешната уставна судијка сега е директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје, а докторирала на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје.

Мирјана Лазарова Трајковска, поранешенка судијка во Уставниот суд и судија во Европскиот суд за човековите права во Стразбур, позната на јавноста и стана како претседател на Државната изборна комисија. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје. Магистрирала и докторирала на Правниот факултет во Љубљана. Нашите извори велат дека и Лазарова Трајковска има поддршка за оваа функција.

Александар Маркоски е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, а Елена Андреева е професорката на Правниот факултет на Универзитетот на ЈИЕ, ја вршеше функцијата јавен обвинител и беше кандидат за Републички јавен обвинител.

Деветмината членови на Управниот одбор со двотретинско мнозинство треба да се одлучат кому ќе ја дадат довербата да ја води оваа институција за следните четири години.

Седницата на Управниот одбор на Академијата, на која ќе се избира директор и заменик директор, ќе се одржи утре. Здружението на новинари побараа и медиумите да присуствуваат на изборот, а не, како што намерава Управниот одбор, по седницата да издадат соопштение и со тоа да ја информираат јавноста.

На седницата треба да се избере и заменик-директор на Академијата, за кое место е пријавен само еден кандидат. Според законските услови, за директор и заменик директор може да се пријави лице со најмалку осум години работен стаж како судија во судовите во Република Македонија, во Уставниот суд на Република Македонија, во меѓународен суд или лице со најмалку осум години работен стаж како јавен обвинител, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија.

Анета Арнаудовска, директорската функција ја извршуваше функцијата од октомври 2006 до октомври годинава. Поради продолжувањето на мандатот, аферата со лажни дипломи и преименување на Академијата Арнаудовска беше критикувано од јавноста.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството

(ВИДЕО) Лефков: СДС прави упад во Академијата за судии и јавни обвинители

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Има индиции на злоупотреби во Академијата за судии и обвинители, ова е доказ дека во државата има партиски октроирано и заробено обвинителство и судство