Наташа Димитриевска задоволна од одлуката на Апелациониот суд за ефективна казна затвор

Од:

Наташа Димитриевска од Тетово, чиј сопруг Гоце загина во сообраќајка во октомври 2018 година во Скопје за која беше изречена условна казна, во изјава за медиумите денеска истакна дека е задоволна што Апелациониот суд ја преиначи одлуката на Основниот суд во двегодишна ефективна затворска казна. Таа смета дека со граѓаните ќе добијат надеж дека судскиот систем функционира.

-Ново е тоа што е изречена и казна за забрана за управување со моторно возило во период од две години и тоа е голем напредок зошто во првичната постапка обвинителството тоа не го ни бараше, туку тоа јас го барав во моите претставки поднесени до Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Мислам дека ако не беше оваа борба преку медиумите и социјалните мрежи и големата поддршка што ја добивав и се уште ја добивам од целата јавност немаше да успеам бидејќи под знак прашалник беше дали Обвинителство воопшто ќе поднесеше жалба, изјави Наташа Димитриевска на денешната средба со новинарите.

Околу висината на казната, таа истакна дека гледајќи ги реакциите на јавноста преку социјалните мрежи станува јасно дека народот не се согласува со две години казна затвор и дека тоа треба да се знае бидејќи судовите сите одлуки ги носат во име на граѓаните на оваа држава.

-Сега се надевам дека Судскиот совет ќе го разгледа предметот против судијата од Кривичниот суд кој го водеше предметот и ќе донесе одлука во рамките на нивните надлежности, а Советот на јавни обвинители ќе ја разглреда претставката и ќе дадат конкретно образложение по овој предмет зошто не може со три реченици на еден лист хартија да се даде образложение за многуте направени пропусти во истражната постапка, па и во главната расправата од страна на Јавниот обвинител, рече Димитриевска.

Таа вели дека како адвокат сега добива многу барања за совети за слични предмети и дека постојат многу неправди кои се направени.

-Многумина се охрабрени да кренат глас против неправдите кои се константно присутни во судските постапки. Ова е борба не само за правда за Гоце, правда за мене, туку правда за сите нас. Врховниот суд треба да заземе став, имаат право да дадат мислсење за вакви предмети, да кажат дали кратењето на две дупли линии претставува умисла или небрежност за идните предмети, рече Димитриевска.

Таа ќе продолжи да бара одговорност на првостепениот суд како и други инволвирани во процесот.

-Во Судски совет е отворена постапка. Нивно известување беше дека кога ќе стигне одлука од Апелација од Скопје, дека ќе се разгледува повторно предметот на писмана одлука. Се надевам дека и Совет на јавни обвинители ќе преземе нешто за да се сноси одговорност. Одговорност имаат и полициските службеници и вешти лица. Не може моите тешки телсни повреди и тоа што имам разлика меѓу двете нозе од сантиметар и половина после сообраќајката да го сметаат како секојдневие, како што е во овој предмет, рече Наташа.

Нејзиниот сопруг Гоце го изгуби животот на 32 години во сообраќајка во октомври 2018 година во Скопје, а Наташа која била бремена, освен повредите го изгуби и плодот.

Би можело да ве интересира

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопското село Мојанци