Наставата во Подгорци нелегална

Од:

Албанските паралелки училиштето во струшкото село Подгорци се нелегални изјави директорот на Државниот Просветен инспектотрат, Надица Николовска, и покрај неодамнешната одлука на Советот на општина Струга тие во иднина да функционираат како дел од Основното училиште Мурат Лабуништи во соседното село Лабуништа, а настава да продолжат да следат во Подгорци

Министерството за образование донесе решение со кое се забранува функционирање на овие паралелки затоа што биле формирани без согласност на министерството а, беше повреден и законот за основно образование рече Николовска

Раководителот на секторот за образование во општина Струга, Џеми Хајредини очекува проблемот да се реши, бидејки учењето на мајчин јазик е уставно загарантирано право

„Очекуваме инспекторатот да формира една комисија и да се верифицира целата состојба во Подгорци.Имаме надеж дека сето ова ќе заврши во полза на учениците. Бараме една законска и уставна работа да се реши“ рече неодамна Хајредини

Настава на албански јазик во основното училиште во Подгорци следат 30 деца. Тие веќе трета година не можат да добија свидетелства за завршено одделение.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on