Настап на Градскиот дувачки оркестар

Од:

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба денеска во Скопје концерт со познатите „Чекорници” ќе одржи Градскиот дувачки оркестар.

Парадниот концерт ќе почне на влезот на Градскиот трговски центар од страната на хотелот „Холидеј ин“ и ќе се движи кон плоштадот „Македонија“.

– Членовите на оркестарот пред граѓаните ќе ги изведат следниве дела: „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Патриотска чекорница“, „Дикси парада“, „Вашингтон пост марш“, „3-та Македонска бригада“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „Работнички“ и „За сите деца“, соопштија од Град Скопје.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, е составен од професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, оркестарот настапувал на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични настани, давајќи им свечена нота.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството