Настан по повод Меѓународниот ден на детето

Од:

Здружението за заштита на правата на детето денеска, со настан во Дневниот центар за деца на улица, ќе го одбележи Меѓународниот ден на детето.

Настанот е воедно дел од регионална кампања „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“.

Здружението за заштита на правата на детето како членка на Регионалната мрежа за деца вклучени во живот и/или работа на улица во Босна и Херцеговина (БиХ), Србија, Албанија и Македонија, се вклучи во спроведувањето заедничка информативна кампања, проект за сеопфатна заштита на децата на улица од југоисточна Европа „Save the children“, кој се имплементира во рамки на Регионалната мрежа.

Кампањата истовремено се спроведува во БиХ, Србија, Албанија и Македонија. На настанот ќе присуствуваат претставници од релевантни институции и невладини организации кои соработуваат со Дневниот центар, зо грижа и заштита на децата на улица.

Би можело да ве интересира

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник